Прејди на содржината

Музеј на современата уметност (Загреб)

Координати: 45°46′41″N 15°58′51″E / 45.77806° СГШ; 15.98083° ИГД / 45.77806; 15.98083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј на современата уметност
Muzej suvremene umjetnosti
Карта
МестоЗагреб, Хрватска
Координати45°46′41″N 15°58′51″E / 45.77806° СГШ; 15.98083° ИГД / 45.77806; 15.98083
ТипМузеј
Фонд12.000 предмети[1]
Посетеност77.998 (2017)[2]
ДиректорВесна Мештриќ[3]
Мреж. местоmsu.hr


Музеј на современата уметностмузеј во Загреб. Се наоѓа на авенијата Дубровник бр. 17 во Нов Загреб во загрепската населба Средишќе. Изграден е по проект на архитектот Игор Франиќ. Камен-темелникот бил поставен во 2003 година, а музејот бил отворен на 11 декември 2009 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Музејот е основан на 21 декември 1954 година со основање на Градска галерија на современа уметност, со цел документирање и промовирање на современата уметност. Како дел од првиот музеј, покрај галерија на современа уметност, имало и Центар за фотографија, филм и телевизија и библиотека.

Внатрешноста на музејот.

Најпрво се наоѓал во дворецот Кулмер во Горњи Град. Во почетокот музејот имал мала збирка, но набрзо била збогатена со нови дела. Поради малиот простор музејот никогаш немал постојана поставка.

Одлуката за изградба на нов музеј на Авенијата Дубровник 17,[4] на раскрсницата на авениите Вечеслав Хољевац и Дубровник во Нов Загреб била донесена во 1998 година. На архитектонскиот конкурс било избрано делото на архитектот Игор Франиќ.[4]

Од 2014 година во Музејот се одржува манифестацијата Лето во МСУ.[5]

Нов музеј

[уреди | уреди извор]

Зградата на Музејот на современа уметност располага со вкупно 14.609,65 м2, од кои 3.500 м2 се за постојани поставки, а 1.500 м2 се за повремени изложби и тематски и ретроспективни изложби на најзначајните автори и појави на хрватската и меѓународната современа сцена.[6] Сакајќи да го редефинира значењето на постојаната поставка, да ги истакне промените во интерпретацијата и презентацијата на музејскиот материјал и да ги нагласи особеностите на современата уметност, променливоста, нестабилноста, непредвидливоста и движењето, музејот се одлучил за концептот Збирка во движење. Тие се составени од неколку музејски целини како „Уметноста како живот“, „Проект и судбина“, „Големата енигма на светот“, „Уметноста за уметноста“, „Зборови и слики“.[4]

Музејот има и библиотека, мултимедијална сала, книжарница, ВИП салон, кафуле, ресторан, наставна сала и стан за посетители и кустоси.

Двоен тобоган.

Установата организира мноштво образовни програми - стручни водства, ликовни работилници, предавања, тркалезни маси итн.[6] Музејот содржи неколку збирки и над 12.000 дела од домашни и странски уметници, собрани од основањето на институцијата во 1954 година до денес. Делата се изработени во различни медиуми – сликарство, скулптура, цртеж, графика, фотографија, видео, филм, инсталации, интернет уметност,[6] постери, медиумска уметност, дела на хартија итн. Најважна е архивата на фотографии од Тошо Дабац, збирката од ателјето на Иван Кожариќ, збирките на Вјенчеслав Рихтер, Бенко Хорват и дар од Силвана Сејсел. На новоотворената изложба, најпознатото дело е Двојниот тобоган на Карстен Хелер, кој ги поврзува сите катови на северното крило, светлечкиот објект Уметникот на работа од Далибор Мартинис и скулптурата Очи на прочистувањето, што се наоѓа на влезната платформа.[4]

Занимливости

[уреди | уреди извор]

Посебност е ЛЕД екранот кој го покрива поголемиот дел од западната страна на музејот.[4] Долг е 90 метри. На него се проектирани уметнички видео дела со кои Музејот комуницира со минувачите, шетачите, возачите, а не само со музејската публика.[6] Тој е еден од најголемите екрани во овој дел од Европа.[4]

  1. Jendrić, Dorotea (12 December 2009). „Hram kulture: Umjetnička avangarda dočekala je vidjeti svoja djela u MSU“. Večernji list (хрватски). Посетено на 4 март 2010.
  2. „Posjećenost hrvatskih muzeja u 2017. godini“ (PDF). mdc.hr (хрватски). Zagreb: Museum Documentation Center. Посетено на 1 октомври 2019.
  3. https://magazin.hrt.hr/kultura/vesna-mestric-nova-ravnateljica-msu-a-11275120
  4. HRT/Hina: Ljeto u MSU - četiri koncerta na atraktivnim lokacijama HRT. 16 јуни 2020. Пристапено на 17 јуни 2020
  5. 6,0 6,1 6,2 6,3 Zagreb Card Архивирано на 27. veljače 2020.. Muzej suvremene umjetnosti

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]